Второодделенци од ОУ „Братство – Единство“ во посета на охридската Библиотека

Учениците од II одделение од „Братство -Единство“ заедно со нивниот одделенски раководител Марија Голабоска денес беа во посета на охридската Библиотека „Григор Прличев“ Охрид.

Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ во соработка со Почесниот конзулат на Руската Федерација одржа креативна работилница во читалната на библиотеката по повод претстојните Новогодишни и Божиќни празници.

На оваа работилница учениците се запознаа со историјата на украсувањето на новогодишна елка во Русиjа и во светот. На истата како претставник од Почесниот конзулат на Руската Федерација учествуваше Елена Обухова.

На оваа креативна работилница учествуваа учениците од II-5 и II-6 одделение заедно со нивните одделенски раководители Марија Голабоска и Нада Буџакоска.

This slideshow requires JavaScript.