23/04/2024
Македонија

www.zanimanja.mk -Модел за преглед на занимања

Моделот за преглед на занимања е специјализираната веб-платформа (www.zanimanja.mk) за прегледот на занимања, на која може да се пребарува по заработувачка, ниво на образование и занимање и која на годишно ниво  ќе се ажурира со најнови статистички податоци. Информациите кои се презентирани во прегледите за занимањата на информативниот портал се однесуваат на: активностите на занимањата, задолженија на работното место, повреди и болести на работното место, потребното образование, просечна месечна нето заработувачка, работната средина, распоред на работата, слободни работни места и други податоци за конкретното занимање. 

На веб страната младите лица  од 15 до 29 години, можат да се информираат со информации за занимањата кои се најпобарувани на пазарот на трудот за нивна подобра професионална ориентација односно за избирање на занимање со кое полесно ќе најдат работно место на пазарот на трудот или нивна преквалификација и доквалификација. 

Целта на моделот е обезбедување поверодостојни информации за побарувачката на работна сила и влијание на среден и долг рок врз намалувањето на несовпаѓањето на понудата и побарувачката на работна сила.  

Моделот за преглед на занимања – заснован врз  податоци од: Анкетата на работна сила,  Анкета за структура на заработувачката, Анкета за побарувани занимања, анкетни истражувања на работодавачите, податоци за слободните работни места и податоци за образованието го изработија Министерството за труд и социјална политика и Меѓународната организација на трудот (МОТ) со експертска и техничка помош, во рамките на првиот приоритет „Подобрување на усогласеноста на понудата на вештини со барањата на пазарот на трудот“ од Националниот акциски план за вработување на млади лица 2020 година,  преку проектот „Решенија за вработување на младите преку локален социјален дијалог“.