28/03/2024
Охрид

За Прочка во Велгошти ќе се одржи традиционалниот маскенбал „Емшири 2019“

По повод големиот верски празник Велики Поклади (ПРОЧКА), традиционално и оваа година во с. Велгошти на ден 10.03.2019 (Недела) ќе се одржи маскенбал “Емшири 2019”.

Почетокот на маскенбалот е закажан во 11 часот.

За оваа пригода М.З Велгошти обезбеди награди за поголемите и симболични пакетчиња за малите емширчиња.