16/04/2024
Охрид

Забрана за движење на тешки товарни возила, но и за автомобили кон Пресека, Буково и Ќафасан

Поради обилните снежни врнежи на подрачјето, СВР Охрид презема засилени мерки за безбедност и контрола на сообраќајот и спроведува мерки за забрана на движење на тешки товарни возила кон планинските премини „Пресека“, „Буково“ и кон граничниот премин „Ќафасан“.

„Напоменуваме дека забрана за движење кон планинскиот превој „Буково“ важи и за патничките моторни возила. Во таа насока, полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај, поставија сообраќајни контролни пунктови кај „Подмоље“ на магистралниот пат Охрид-Кичево и кај „ЕМО“ во близина на селото Косел на магистралниот пат Охрид-Ресен. На овие патни правци не се дозволува движење на тешки товарни возила, а посебно напоменуваме дека забраната за движење се однесува и на патничките моторни возила. Поради тоа, а со цел избегнување на несакани последици, апелираме на исклучива нужност во користењето на патничките автомобили, а кон споменатите патни правци и целосно почитување на важечките забрани за движење на тешките и други моторни возила и секако почитување на инструкциите и насоките на полициските службеници кои се на терен. Воедно, потсетуваме дека за сите моторни возила неопходно е носење и користење на зимската опрема.“ – апелираат од СВР Охрид.