Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Маврово-Дебар и на Стража

На патниот правец Маврово – Дебар и на планинскиот премин Стража има забрана за сообраќај на тешки товарни возила.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од снег има на Попова Шапка и на планиските премини Маврово, Стража, Крушево, Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека и Железнец.

Од 13:30 часот, сообраќајот на патниот правец Кавадарци (Росоман)-Прилеп, околу 200м после тунелот, е нормализиран.