18/04/2024
Македонија

Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Од 16:25 часот на патот Гостивар – Маврово, воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила. Поради интензивни врнежи од снег на планинскиот превој Буково во 16:15 часот воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила. Од 17:00 часот воведена е забрана на патниот правец Гостивар- Кичево преку планинскиот премин Стража. На патниот правец Струга – г.п. Ќафасан (до с.Франгово) поради оштетување на коловозот брзината е ограничена на 40 km/h и воведена е забрана за тешки товарни возила.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. На повисоките места во западниот дел од државата има остатоци од кашест снег, по интервенција на екипите на ЈП Македонија Пат. Слаби врнежи од снег има на Попова Шапка, и на планинските премини Буково и Ѓавато.

Поради појава на магла, видливоста на планинскиот премин Стража е намалена на 50 – 100 метри, додека на Попова Шапка 50 метри.