19/04/2024
Охрид

Заеднички, 25-ти јубилеј на Владо Јаневски и на Авалон Продукција

Авалон продукција, успешната музичка летна приказна 2018 ќе ја круниса со спектакуларен концерт на кралот на македонската поп музичка сцена, Владо Јаневски, на 05.08.2018 година, на Античкиот театар во Охрид, по речиси една деценија.

Овој волшебник на убавиот збор и музика и најголемата продуцентска куќа на овие простори, ги поврзува една убава бројка, 25 години успешна работа. Имено, солистичката кариера на Владо Јаневски се поклопува со стартот на работата на Авалон. Останатото, веќе е длабоко вкоренета музичка историја, која ќе остави и трајни музички вредности и за идните генерации.

На петтиот ден од месец август, од сцената на Антички ќе одекнуваат и во еден глас ќе се пејат “Црно Тиквешко”, “Чаирска романтика”, “Парче душа”, “Компас”, “Не зори, зоро”, и многу други хитови создадени и испеани од мајсторот, или како што уште го нарекуваат “последниот балкански музички мохиканец”, Владо Јаневски.

Концертот започнува во 22.00 часот, а влезниците по цена од 500 денари за партер и 800 денари за трибини можат да се купат на www.avalon.mk и www.kupikartizase.