18/04/2024
Охрид

Заеднички василичарски појадок во Општина Охрид

На традиционалниот заеднички појадок по повод празникот Василица што се организира во Општина Охрид паричките ги најдоа Весна Митреска, Тихомир Дурнев, Симон Илијески и Томе Џамтоски. Заедничкиот појадок го организираа минатогодишните кумови  Царе Наумоска, Габриела Милошоска и Гоце Симоноски.  

 

Заедничкиот појадок заврши со желба за добро здравје, среќна и бериќетна година, успех во работата  и напредок на  Општина Охрид.