29/03/2024
Охрид

Заедничко дружење и забава на децата кои ја следат Бреинобреин програмата

Преку 80 деца кои ја следат Бреинобреин програмата во Центарот за развивање на животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид, крајот на есенскиот циклус од оваа програма го одбележаа со традиционално заедничко дружење и забава во игротеката „Вања“. Беше тоа одлична можност во новогодишен амбиент да се поделат подароци на сите кои ја следат БОБ програмата, но и да се најават подготовките за претстојниот Национален Бреинобеин натревар во март 2018 година

Центарот за развивање на животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид започна со работа во 2010 година како прв центар на Балканот кој ја спроведува Бреинобреин програмата. За седум години БОБ програмата во овој центар ја следеле повеќе од 500 деца од 4-14 годишна возраст, а 4 генерации на деца веќе ја завршиле комплетната програма од 10 нивоа.

Уписите на нови деца во БОБ-Црвен крст Охрид центарот ќе се вршат во февруари 2018 година.