29/03/2024
Македонија

Заев: Глас за СДСМ и Коалицијата „Можеме“ е глас за сигурност и економски напредок

Изјава за медиуми, Зоран Заев, претседател на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Пред нас во среда се важни избори,

Избори на кои секој од нас треба да каже во кој правец кој ќе се движи нашата земја.

Понудените опции се видоа во двете целосно спротивни кампањи. Од едната страна видовме оптимизам, јасен концепт, надеж, шанса и иднина – рековме и покажавме дека МОЖЕМЕ тоа да го оствариме.

Од другата страна – мрак, црнила, недоличен хумор врз грбот на сопствениот народ – веќе видено – минато.

Тоа е разликата – од едната страна достоинствена кампања, со сите мерки на заштита од Ковид, од другата страна опасна кампања – со сите прекршувања на мерките и сите лоши зборови кои ги чувме од нивна страна.

На 15 јули одлучуваме дали ќе растат платите на граѓаните, или ќе се полнат џебовите на луѓето на Груевски.

Изборот е едноставен, но работата не е однапред завршена.

Дали ќе одиме напред зависи од секој од нас, од секој од вас.

На овие избори гласот за СДСМ е глас за сигурност, гласот за ВМРО-ДПМНЕ е глас за враќање назад, за опасност од нов режим.

Почитувани граѓани,

Не си ја потценувајте моќта, не си ја коцкајте иднината.

Државата ќе продолжи напред само ако вие така одлучите, само ако вие излезете на 15 јули и гласате на безбедни избори.

Го бараме вашиот глас за нов, чист мандат. За да ги продолжиме добрите политики. За да продолжиме напред уште побрзо. Да не ја испуштиме шансата што заедно ја создадовме за нашата татковина.

Во среда, на 15 јули да гласаме за да продолжиме напред кон развој, кон интеграција, кон економски раст и повеќе пари за сите… и конечно кон правда.

Тоа е вистинскиот, тоа е исправниот пат, се друго е ќор-сокак и неизвесност.

Да гласаме за број ТРИ, за СДСМ, за „Можеме“, да гласаме за најсигурната опција!

Ви благодарам.

https://www.youtube.com/watch?v=mSiLQB87lYo&feature=emb_title