29/03/2024
Македонија

Заев: Тоа што го кажува Мицкоски, зборува за него јас сум посветен на интересите на граѓаните и државата

Одговор на новинарско прашање, Зоран Заев, претседател на СДСМ

Mедиуми: Вчера опозицискиот лидер Мицкоски порача дека ќе бидете победени на претседателските избори и на евентуални парламентарни избори дури и ве повика околу некакви можни убиства. Како го коментирате тоа?

Знаете, мојата политика партија вчера даде реакција за ваквиот настап. Како и и да е, јас сум од крв и од месо, јас сум транспарентен човек, јас сум нормален човек во оваа наша земја, ќе кажам само забегана работа, затоа што се претера.

Јас сум бил во притвори и пред притвори и со одземени пасоши и лично сум објавувал политички бомби, секој пат сум внимавал на зборовите што ги користам.

Со моите правни советници ќе се консултирам дали треба да тужам, затоа што тој идницира обиди за убиство, зборува за некаква жестокост, не знам каква. Тој тоа што го прави прво зборува за него, но во најмала рака, најблаго кажано е забегано. Така што времето ќе покаже што е што, тука сме сите, мала земја сме, се знаат сите детали и работи во нашето општество. Останувам детално посветен на она што е важно за државата и е исклучителен интерес за граѓаните на Република Северна Македонија.