29/03/2024
Македонија

Заев: Владеењето на правото е столбот на секоја држава, законите мора да важат за сите подеднкаво

Законите мора да важат за сите подеднкаво и никој не смее ниту да се осмели да влијае врз судските одлуки, порача претседателот на СДСМ и премиер на Република Македонија, одговарајќи на пратеничко прашање на денешната седница на Собранието на Република Македонија.

„Правната држава и владеењето на правото се столбот на секоја земја и секој, без разлика на која партија припаѓа, мора да биде еднаков пред законот. Делењето на правдата мора да биде независно и ослободено од секакво влијание и никој не треба ниту да помислува да влијае врз судските одлуки“ порача претседателот Заев додавајќи дека никој нема да биде заштитен од соочување со правдата.