16/04/2024
Македонија

Зајакната акциска контрола за откривање возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол во Скопје

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 21/22.09 .2018 година во периодот од 23.00 до 05.00 часот спроведе зајакната акциска контрола за откривање возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје.

Од страна на полициски службеници контролирани се вкупно 200 возачи, алкотестирани биле вкупно 150 возачи , кај 48 од нив утврдено е присуство на алкохол во крвта, а тројца од нив одбиле да подлежат на алкотестирање. По однос на констатираните прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи, преземени се вкупно 144 мерки . Исклучени се 51 возач од сообраќај, времено се одземени 40 возачки дозволи, издадени се 58 мандатни платни налози и 25 прекршочни платни налози а против 2 лица се поднесени барања за поведување прекршочна постапка.