23/04/2024
Охрид

Закажана втората седница на Советот на општина Охрид

Втората седница на Советот на општина Охрид е закажана на 13 ноември (понеделник) со почеток во 11:00 часот, со следниот:

Д Н Е В Е Н  Р Е Д

Усвојување на Записникот од првата конститутивна седница

  1. Избор на Претседател на Советот на општина Охрид.
  2. Предлог Решение за формирање Статутарно-правна Комисија.
  3. Предлог Решение за формирање Комисија за финансии и буџет.
  4. Предлог Решение за формирање Комисија за јавни и комунални дејности.
  5. Предлог Решение за формирање Комисија за урбанизам.
  6. Предлог Решение за формирање Комисија за општествени дејности.
  7. Предлог Решение за формирање Комисија за туризам и локален економски развој.
  8. Предлог Решение за формирање Комисија за заштита на животната средина.
  9. Предлог Решение за формирање Комисија за млади и спорт.
  10. Предлог Решение за формирање Комисија за месна самоуправа.
  11. Предлог Решение за формирање Комисија за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија.
  12. Предлог Решение за формирање Комисија за еднакви можности меѓу мажите и жените.
  13. Предлог Одлука за измена на распоредот на средствата на буџетот на општина Охрид за 2017 година.