19/04/2024
Спорт

Закажано вонредно собрание на МКФ на 11 февруари

Управниот одбор на Македонската кошаркарска федерација на редовната седница одржана денес (23 јануари) во просториите на МКФ ја разгледа иницијативата поднесена на 10 јануари 2018 година и потпишана од страна на вкупно 20 членки на Собранието за свикување на вонредна седница. Согласно статутот на Македонската кошаркарска федерација, Претседателот Петар Наумоски свикува вонредно собрание на ден 11 февруари (недела).

На дневниот ред на седницата ќе бидат поставени и точките од редовното годишно собрание кое се одржа на 25 декември 2017 година, но беше прекинато. Како дополнителна точка на дневниот ред ќе биде поставена точка за гласање на доверба во Претседателот. Доколку се изгласа недоверба, по кратка пауза кандидатите за позицијата Претседател ќе треба да ги достават своите кандидатури и програми за работа, а кандидатската комисија да ги верификува.