25/04/2024
Охрид

Замена на дотраена водоводна линија во Лескоец

Екипите на МЈП „Проаква“ – РЕ „Водовод“ денес отпочнаа со замена на стара и дотраена водоводна линија со нова, на два крака од улицата „Илинденска“ во с.Лескоец, со што ќе се подобри водоснабдувањето на населението и воедно ќе се намалат досегашните загуби предизвикани од дотраеноста на постоечката линија. Во исто време ќе се дадат и нови приклучоци на корисниците.