25/04/2024
Македонија

Запленета марихуана, приведен маж од Косово

На 17.03.2019 околу 20.00 часот во реонот на Полициската станица за граничен надзор „Блаце“, кај место викано „Терминал“, полициски службеници го лишиле од слобода и привеле Ф.Д.(33) од с. Пустеник, Косово, поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.Полициски службеници го забележале лицето како се движи од Косово кон РС Македонија и при преглед кај него, во вреќа, биле пронајдени 14 пакувања со околу 15 килограми марихуана.

Лицето било предадено во Полициската станица Бит пазар за понатамошна постапка, а дрогата била одземена и дадена на вештачење. По целосно документирање на случајот,СВР Скопје – Еденица за недозволена трговија со дрога и оружје ќе поднесе соодветна пријава.