28/03/2024
Македонија

Запленети околу 70 грама кокаин, приведени двајца скопјани

Секторот за внатрешни работи Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Б.Љ. (34) од с. Горна Матка и Е.Р. (24) од с.Сарај, скопско, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик на Република Македонија.

На 17.03.2018 година околу 16.20 часот во с.Горна Матка, полициски службеници забележале патничко возило „Ауди“ со скопски регистарски ознаки и дале знак за запирање на возилото. Возачот Б.Љ. се обидел да побегне, но набргу потоа бил запрен. Непосредно пред да застане возилото, од внатрешноста била исфрлена најлонска кеса, која подоцна била пронајдена. Во кесата имало наркотична дрога кокаин со маса од 69 грама. Веднаш по настанот, лицата Б.Љ. и Е.Р. биле лишени од слобода и се задржани во Полициската станица Гази Баба.