20/04/2024
Охрид

Започна да делува женскиот хор A Cordis

Црвен крст Охрид, а воедно и градот Охрид е побогат за уште една музичка содржина. Деновиве во рамки на Црвен крст Охрид започна да делува женскиот хор A Cordis.

Петнаесет дами под водство на диригентот професор Билјана Николоска, секој понеделник со своите прекрасни гласови, изведуваат познати музички дела подготвувајќи се за својот прв јавен настап кој со нетрпение го очекуваме за Новогодишните празници.