Започна интензивна дезинфекција на станбените згради

Согласно препораките за превенција од Ковид 19 и оперативните мерки на Кризниот штаб на Општина Охрид, екипите  на ЈП „Охридски Комуналец“  денеска започнаа реализација на интензивни активности за дезинфекција на влезовите, ходничните и скалишните простории на станбените згради на подрачјето на Општина Охрид.

Во рамки на денешната акција, утрово се изврши дезинфекција на зградите во населбата „Билјанини Извори“.

Активностите за дезинфекција ќе продолжат интезивно и во останатите станбени комплекси на територијата на општината.