20/04/2024
Охрид

Започна изградбата на нова училишна библиотека во ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти

Во ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти неуморно се работи. Имено, започна изградбата на нова библиотека. Постоечката не ги исполнуваше потребите, се надеваме дека ќе прерасне во модерна и современа библиотека, вели директорот Ѓоко Чингоски.

„Само за потсетување, да направиме една рекапитулација што се е направено за мојот нецел мандат како директор на ова училиште:

  • реконструкција на училиштето во вредност од 100 илјади евра (со термо-фасада со изолација од 10 сантиметри);
  • реконструирани 6 санитарни јазли со промена на водоводна и електрична инсталација;
  • направена и опремена училница за првоодделенците, со што се реши долгогодишниот проблем, тие да учат со своите врсници;
  • реконструкција на ѕидовите кај скалите и самите влезови;
  • направена покровна конструкција кај влезот;
  • поплочени и реконструирани надворешните скали;
  • изградени и опремени 6 кабинети, со што денес ова училиште има кабинетска настава;
  • набавени три touch-табли, на повидок е уште една;
  • набавени многу нагледни средства по сите предмети (микроскопи, хемикалии, географски карти, анатомски модели по биологија, разни модели по физика и математика и.т.н.);
  • изграден потпорен ѕид во дворот во вредност од над 10 илјади евра;
  • ограден училишниот двор после 40 години постоење на училиштето;
  • набавени нови клупи и столчиња за сите ученици и уште многу други работи;
  • набавена машина за длабинско чистење на спорстката сала „Тодор Александров“, во вредност од 4000 франци – додава Чингоски.

Сето ова, како што кажа директорот, допринесе денес Основното училиште „Живко Чинго“ да прерасне во модерен и современ образовен центар, на кој многу училишта од регионот можат да му позавидат.

WebOhrid