28/03/2024
Македонија

Започна официјалната средба меѓу премиерот Зоран Заев и премиерот Бојко Борисов во Софија

Започна официјалната средба меѓу премиерот Зоран Заев и премиерот Бојко Борисов во Софија, Република Бугарија.

Како што е најавено на средбата двајцата премиери ќе разговараат за развојот на соработката во разни сектори, проекти во областа на инфраструктурата и транспортот, како и спроведувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.

Премиерот Заев ја предводи владината делегација од Република Македонија во официјална работна посета на Република Бугарија, во која се и министерот за култура, Асаф Адеми, како и националниот координатор за култура, Роберт Алаѓозовски.