29/03/2024
Охрид

Започна „Охридскиот дијалог“ кој се одржува во Охрид од 24 до 26 октомври

Охридскиот дијалог претставува стратешкиот дијалог за унапредување на прогресивните и напредни решенија за предизвиците со кои се соочува Северна Македонија и регионот.

Како дел од Охридската група се и поранешниот генерален секретар на НАТО, Џорџ Робертсон, голем дел на поранешни и сегашни дипломати, чија цел е преку активни решенија да ѝ помагаат на Северна Македонија во остварување на своите евроатлантски интеграции.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, им посака топло добредојде на гостите во Охрид кои се присутни на „Охридскиот дијалог“. Дипломатите и останатите високи гости се тука кога се дискутира и се бараат решенија за да се остане на вистинскиот пат за подобра иднина на сите граѓани.

На утринскиот панел беше разговарано за следните чекори кои ја очекуваат Северна Македонија. Само две години по ослободувањето на државата од претходниот хибриден режим, ги решивме проблемите со соседите, имаме подобрување на регионалната соработка и сите економски индикатори покажуваат зголемување на трговската размена и на странските директни инвестиции. За само две години од изолирана држава, Северна Македонија стана релевантен партнер и пример во регионот.

На утринската сесија учесниците се согласија дека се тука за да помогнат, да се постигне уште поголем прогрес во евроатлантските интеграции на државата. Пред речиси 20 години се мислеше дека членство во НАТО е невозможна мисија, со тукушто завршен внатрешен конфликт и многу поделби во општеството. Денес Северна Македонија е на чекор од полноправно членство во НАТО и останува посветена на имплементирање на ЕУ стандардите.