Започна пријавувањето за Спортскиот едукативен камп Охрид 2019

Започна пријавувањето за Спортскиот едукативен камп со меѓународен карактер кој четврта година по ред ќе се одржи во Хотел Десарет во организација на Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите – сите за Спорт“.

Спортскиот едукативен камп ќе се одвива од 8 до 14 јули, а на учесниците им e загарантирана дружба, забава и откривање на тајните на сите спортови.

Повеќе информации околу пријавувањето за учество и за кампот воопшто на меилот sportzasite@gmail.com или на контакт бројот 078 391 764 (Јоне).