18/04/2024
Спорт

Започна пријавувањето за учество на „Охрид треил“

Од денес официјално започнува пријавувањето за учество на првото издание на новиот спортски настан во Охрид, Планинарската трка „Охрид треил“.

Заинтересираните пријавувањето можат да го потврдат на официјалната страна „Ohridtrail.mk“ која изобилува со информации напишани на оригинален охридски дијалект.

На првиот спортски настан од ваков вид во Охрид вљубениците во спортот можат да учествуваат во една од двете трки. „Малата“ е долга 35 километри и стартува од автокампот „Елешец“, додека делницата на „големата“ 60 километри и започнува во Св. Наум.

Планинарската трка „Охрид треил“ која ќе се одржи на 25 мај нуди ретка можност за уживање на сите убавини на Галичица, Охрид и Охридското и Преспанско езеро надополнето со трчање и дружење.