20/04/2024
Охрид

Започна примената на зонското паркирање во Охрид

Согласно одлуката донесена од страна на Советот на општина Охрид на ден 14. 06. 2018 год.за давање на согласност на Одлуката за степен на ограничување на паркирање (зонско паркирање) во општина Охрид од денес, ЈП „Билјанини Извори“ започна со примена на зонското паркирање во Охрид. Директорката на ЈП „Билјанини Извори“, Гордана Јованоска денес на прес-конференција истакна дека наплатата на паркирањето ќе се врши преку СМС систем и тоа преку следниот телефонски кориснички број 144 644.

„Од денес започнува поинаков начин на наплата на јавните паркинг простори преку СМС пораки и грепки за странците. Во исто време сакам да се извинам што на самите табли има една печатна грешка во преводот од понеделник до сабота, таму е преведено од понеделник до петок, таа грешка е направена од печатарската куќа од Скопје што ги печатеше овие информативни табли, а во текот на денешниот ден најдоцна утре, тие грешки ќе бидат отстранети. Наплаќањето преку СМС ќе оди во двете зони, Зона А и Зона Б. Начинот на наплата е многу едноставен преку порака на мобилен телефон на 144 644, прво се одбира зоната, па регистарската таблица се пушта пораката и се враќа порака од операторот дека паркирањето е веќе започнато. На крајот кога возилото треба да го напушти тоа паркинг место се пушта порака „S“ (буквата ес на латиница) со тоа завршува наплатата, односно паркирањето на тоа возило. Цената на паркирањето во Зона А е 30 денари и наредните часови 30 денари, додека во Зона Б паркирањето ќе чини 20 денари првиот час и секој нареден час по 20 денари.“– изјави Јованоска.

WebOhrid