Започна проектот за воспоставување на регистар на станбени згради и управители

Во рамките на меморандумот за соработка што неодамна го потпишаа општина Охрид и Здружението за хумано домување Хабитат-Македонија, денеска со првата обука на учесниците, започна проектот за воспоставување на Регистар на станбени згради и Регистар на управители на станбени згради.

Проектот претставува иницијатива за подигнување на јавната свест за квалитетно домување во колективни станбени згради, значењето на енергетската ефикасност и  управувањето со колективните станбени згради на територијата на општина Охрид.