Започнува фестивалот на вино и сирење во Охрид

Вечерва на плоштадот „Чинар“ во охридската чаршија ќе биде отворено годинешното издание на фестивалот на вино и сирење. На типизирани штандови своите производи ќе ги претстават производители од Македонија и Албанија. Фестивалот продолжува и утре.

Во прилог, програма од настанот…

ПРОГРАМА ФЕСТИВАЛ ВИНО И СИРЕЊЕ

10-11 АВГУСТ, 2018 ОХРИД, – мал плоштад Крушевска Република

  • Прв ден (10.08.2018Петок

17:00 Поставување на штандовите и распоред на учесниците

21:00 Свечено отворање и поздравен говор на претставник од локална самоуправа на општина Охрид 
21:15 Презентација и дегустација на производи збогатена со музичка програма (Ансамбл Билјана Јуниор) 
24:00 Затворање на прв ден фестивалот

  • Втор ден (11.08.2018Сабота

17:00 Продолжување на манифестацијата

21:00 Презентација и дегустација на производи збогатена со    музичка програма (Оркестар Климе Садило)
24:00 Затворање на фестивалот