28/03/2024
Охрид

Започнува нов есенски циклус за подготовка на кандидати за полагање на TOEFL

Поради големиот интерес на охриѓани Црвен крст Охрид започнува нов, есенски циклус на подготовка на кандидати за полагање на TOEFL (Test of English as a Foreign Language). Подготовката, која во вид на часови ќе започне да се реализира на 05 ноември 2018 и ќе трае 10 недели, а ќе ја спроведува волонтер на Мировен корпус Македонија, кој работи во организацијата на Црвениот крст Охрид.

TOEFL (Test of English as a Foreign Language) е најраспространет и светски прифатен тест за проверка на знаењата за англискиот јазик. 9000 унвирезитети, колеџи, агенции го признаваат тестот и тоа во 130 земји ширум светот вклучувајќи ја и Македонија. TOEFL е тест кој исто така се користи за докажување на познавањето на англискиот јазик за државната администрација во Македонија.

Заинтересираните кандидати можат да се пријават во просториите на Црвен крст Охрид или на телефоните 046 262-706 и 070 315309 на е-маил ohrid@redcross.org.mk или да дојдат на првиот промотивен час во просториите на Црвен крст Охрид, предвиден за понеделник, 05.11.2018 г. во 19:00 часот.