19/04/2024
Македонија

Започнува процесот за подготовка на четвртиот Акциски план за Отворено владино партнерство 2018-2020

Од Министерстото за информиатичко општество и информација информираат дека започнува процесот на подготовка на четвртиот национален Акциски план за Отворено владино партнерство 2018-2020 (НАП4).

Со цел навремено информирање подготвена е Временска рамка на активности за подготовка на НАП 4 2018-2020 во која се дадени првично утврдени датуми и истата може да се надополнува со настани и состаноци во организација на сите чинители во Отвореното владино партнерство. Временска рамка може да ја најдете тука.

Во рамките на активностите за подготовка на Акцискиот план, Ве покануваме да пополните краток прашалник кој има за цел да ги утврди потребите за подготовка на новиот Национален Акциски план за Отворено владино партнерство 2018-2020 година (НАП 4) односно да ја испита запознаеноста на граѓанските организации со глобалната иницијатива Отворено владино партнерство, да го утврди интересот за учество во процесот на подготовка на новиот акциски план за ОВП 2018-2020, да собере првични препораки за процесот на консултација како и предлози за мерки кои потенцијално можат да се вклучат во акцискиот план.

Би Ви биле исклучително благодарни доколку одвоите време да одговорите на прашалникот најдоцна до среда 19-ти февруари. Прашалникот можете да го најдете на следниот линк: https://drive.google.com/open?id=1KegYkIW0x6mxA_Aeqkh3zrENinpSmFDD8oB8fdZhH_s