29/03/2024
Охрид

Започнува проектот „3Е – it’s time to act”, во рамки на програмата Erasmus plus

Здружението за мултикултурна интеграција “Инклузија”, од Охрид ја започнува, реализацијата на проектот “3Е – it’s time to act”, во рамки на програмата Erasmus plus, компонента К1, како носечка организација од Република Македонија. Партнери во реализација на проектните активности ќе бидат следните организации: “Дуеро Доуро – европска групација за територијална соработка” од Саламанка – Шпанија, “Инспира” од Карвела – Португалија, “Грамигна” од Беневенто – Италија, “Едуфонс – центар за целоживотно образование” од Нови Бечеј – Србија и “Interaktiva” од Осијек – Хрватска.

Целта на овој проект е споделување на вредностите на Erasmus plus за потребата од инклузивен пристап, зајакнување на младите луѓе со помалку можности и промоција и унапредување на претприемништвото и можностите за самовработување на младиот човек.

Имено, во периодот од 03.12.2018 – 10.12.2018, во хотелот “Коцарев” во Охрид ќе се одржи младински камп со учество на 40 млади луѓе од сите погоренаведени партнерски земји, на кој тие ќе имаат можностд да стекнат и да разменат многу искуства на овие теми, да развијат алатки, идеи, можности и методологии за инклузија на млади луѓе со помалку можности, да ги согледаат придобивките од тимската работа, како и да развијат мостови на соработка.