Започнуваат бесплатните курсеви за монтери на електрични инсталации, заварувачи и полски јазик

Согласно годишната програма на секторот за ТЛЕР за 2018 година во која е предвидено да се реализираат стручни обуки за невработени лица, како и обуки за прекфалификација и докфалификација во соработка со соодветни институции и работодавачи, со цел стимулирање на социјалната интеграција на невработените и подобрување на нивните квалификации за идно вработување, од денес почнуваат да се реализираат бесплатните курсеви.

Во насока на успешна реализација на планираната активност Општина Охрид преку секторот за ТЛЕР спроведе анализа за побаруваните занимања во поглед на различните образовни профили и степенот на образование (вклучувајќи високообразован, технички, занаетчиски кадар и слично) на ниво на општина Охрид. Анализата беше спроведена со цел да се добијат релевантни податоци за обемот на побарувачка на работна сила, како и профилот на занимања кои се бараат во Охрид со што би се овозможило полесна вработливост на граѓаните.

Согласно резултатите од спроведеното анкетно истражување анкетираните компании како дефицитарни кадри ги истакнале: електро струка и заварувачи.

Со оглед на зголемениот број на полски туристи во Охрид, општина Охрид организира и курсеви за полски јазик.

Планираните обуки ќе ги спроведува Општинската јавна установа „Кузман Шапкарев“.

Со оваа мерка ќе бидат опфатени вкупно 34 лица кои претходно беа избрани на јавен повик за пројавување на интерес врз основа на претходно дефинирани критериуми.