28/03/2024
Охрид

Започнуваат чествувањата за Св. Климент Охридски – Патрон на Охрид

Општина Охрид ја објавува  програмата по повод одбележување на 8-ми Декември, Св. Климент Охридски-  Патрон празник на градот.

05.12.2018 г.(среда)

• Изложба на книги: „Свети Климент Охридски во македонската книжевност и научна мисла“

17.00 часот
НУ Библиотека “Григор Прличев” (Прличева одаја)

• Свечена приредба на ОУ „Св. Климент Охридски”

19.00 часот
НУ Центар за култура „Григор Прличев”

06.12.2018 г. (четврток)

• Традиционална изложба на Фото клуб „Охрид“

18.00 ч.
НУ Центар за култура „Григор Прличев“ (изложбен салон)

• Музички концерт на учениците од ОМУ „Методи Патче“

19.00 ч.
ОМУ „Методи Патче“

• Свечена приредба на ОСУ„Св.Климент Охридски“

19.00 ч.
НУ Центар за култура „Григор Прличев“

07.12.2018 г. (петок)

• Промоција на книгата „Дојди во Охрид”- антологија на песни за Охрид
(приредувачи: проф.д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски)

12.00 ч.
Општина Охрид (голема сала)

• Изложба на фотографии : „По трагите на светите Кирил и Методиј”
(коорганизација на општина Охрид, Амбасада на Република Словачка во Република Македонија и Словачката национална библиотека)

18.00 ч.
Куќа на Уранија – МАНУ

• СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА ПО ПОВОД 8-ми Декември – ДЕНОТ НА СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ – ПАТРОН НА ОХРИД

20.00 ч.
хотел Инекс Горица (дијамантска сала)

08.12.2018 г. (сабота)

• Поклонение пред моштите на Свети Климент Охридски

10.00 ч.
Манастир „Свети Климент и Пантелејмон” – Плаошник

• Полагање свежо цвеќе на споменикот на Свети Климент Охридски

10.30 ч.
ОУ „Св.Климент Охридски“ (училиштен двор)

• Полагање свежо цвеќе пред споменикот на Свети Климент Охридски

11.00 ч.
Градски плоштад „Св.Климент Охридски“

• Промоција на книгата „Охридска писменост“ од проф.д-р Димитар Пандев;
• Oтворање нова етнолошка поставка на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид

12.00 ч.
Куќа на Робевци