25/04/2024
Македонија

Засилениот јужен ветер носи прашина од Африка и појава на обоен дожд

Од УХМР известуваат дека денес времето ќе биде променливо облачно и ветровито, попладне со локални врнежи од дожд кои во западните подрачја ќе имаат пороен карактер со услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер поради што ќе има транспорт на прашина од Африка и наместа појава на обоен дожд.

Од среда следува период на умерено облачно и топло време со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината.