16/04/2024
Охрид

Заврши 25 седница на Советот на општина Охрид

Советот на општина Охрид денеска ја одржа дваесет и петтата Седница со 53 точки на дневен ред.

Беа изгласани одлуките за усвојување на Годишните извештаи за реализација на програмите за поттикнување на развојот на туризмот и за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за периодот од 01.01.2018 до 31.12.2018 година.

Советниците дадоа зелено светло и за реализација на програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид за 2018 година . Усвоен беше извештајот за работа на Територијалната против пожарна единица и извештаите за работа на одделенијата за даноци и комунални такси при општина Охрид за минатата година. Усвоени беа и програмите за заштита на животната средина и природата како и извештајот за реализација на Програмите за спорт и рекреација за 2018 година. На гласање пред советниците беа и Предлог одлуките за усвојување на Извештаите за реализација на Развојните програми за активностите на општина Охрид во областа на образованието, детска и социјална заштита за 2018-2020 година за 2018 година. Беше усвоени Извештајот за реализација на програмата за културни манифестации и творештво за периодот од 01.01.2018 до 31.12.2018 година. Советниците ги усвоија и предлог одлуките од областа на инфраструктурата кои се однесуваа на извештаите за реализација за изградба и реконструкција на локални патишта и улици ,изградба на системи за водоснабдување за 2018 – 2020 година како и извештајот за јавно осветлување за периодот од 01.01.2018 до 31.12.2018 година.

Беа изгласани и Предлог – одлуките за усвојување на извештаите за реализација на развојната програма за изградба на системи за одведување и прeчистување на отпадна вода за 2018 – 2020 година и развојната програма за изградба на сообраќајна сигнализација и за други комунални услуги за периодот од 01.01. до 31.12.2018 година.

Зелено светло доби и предлог – одлука за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за уредување на градежно земјиште за 2018 – 2020 година за периодот од 01.01.2018 до 31.12.2018 година.

Беше усвоена Предлог – одлуките за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање на режим на сообраќај за 2018 – 2020 година за периодот од 01.01.2018 до 31.12.2018 година. Се изгласаа и Предлог – одлуките за усвојување на извештајот за реализација на програмата за одржување јавна чистота и за одржувње и користење на паркови и зеленила за периодот од 01.01.2018 до 31.12. 2018 година и предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за работа на Советот на општина Охрид за 2018 година.

Беше усвоен и Извештајот за работата на Комисијата за еднакви можности помеѓу мажите и жените и Годишниот извештајот за слободен пристап до информации од јавен карактер за 2018 година.

Се усвоија и Предлог-одлуките за усвојување на Годишниот извештај и завршна сметка на буџетот на единицата на локалната самоуправа Општина Охрид за 2018 година и Извештајот за годишниот попис за 2018 година како и Предлог- одлука за проширување на средствата на буџетот на општина Охрид за 2019 година и предлог-одлука за усвојување на Извештајот за состојбата во областа на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата за периодот од 01.07. до 31.12.2018 година.

Советниците дадоа зелено светло и за извештаите за финансиско работење и годишните сметки за 2018 година за сите основни и средни училишта на територијата на општина Охрид ,за ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ и за ОЈУ Отворен граѓански универзитет за доживотно учење „Кузман Шапкарев“ – Охрид .

Беа усвоени и финансиските и годишните извештаи за работа на охридските јавни претпријатија за 2018 година: „Водовод“- Охрид, „Градски Гробишта“, „Охридски комуналец“, „Нискоградба“ и „Градски Пазар“. Во текот на расправата беше повлечен извештајот од ЈП „Билјанини извори“.

На Седницата беа усвоени и последните четири точки на дневен ред: Одлука за усвојување на Програмата за работа на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во општина Охрид за 2019 година; Одлука за донесување на Правилникот за субвенционирање (начинот и видот) на опрема и услуги во локалното земјоделство и сточарство; Одлука за утврдување рокови за спроведување мерки за финансиска поддршка и субвенционирање на трошоци за културна и туристичка промоција на градот Oхрид и Предлог- Програма за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид за 2019-2020 г.