20/04/2024
Спорт

Заврши групната фаза од турнирот во Баскет 3х3

Со одигрувањето на петтото коло по групи заврши групната фаза од турнирот во Баскет 3×3 кој се игра во Спортската сала „Билјанини Извори“, а е во организација на ЈП „Билјанини Извори“.

Натпреварите од турнирот продолжуваат во недела 28 октомври со почеток од 19:30 часот со одигрување на четвртфиналните натпревари.

ЈП „Билјанини Извори“ ги повикува сите љубители на кошарката и спортот да се предружат во следењето на интересните четвртфинални двојки од турнирот во Баскет 3×3.