28/03/2024
Спорт

Заврши натреварувачката сезона за стрелците во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма

Јуниорките од СК „Охрид“ се претставија во најдобро светло на Петтиот по ред Куп, што се одржа викендов во Скопје на стрелиштето во гимназијата Раде Јовчески Корчагин.

Резултатите се следни:

  • Анастасија Мојсовска 387 кругови (оценувањето беше на цели кругови, а не на децимали)
  • Мартина Петровска 385 кругови
  • Јована Милевска 373 круговиЈана Маркоска 372 кругови

„За пласманот на нашите натпреварувачки не можеме да дадеме конечен извештај, од причини што напишавме Приговор на оценувањето, а за истиот не добивме одговор на лице место како што налагаат Правилата, туку усно ни беше соопштено дека ќе добиеме одговор по меил. Судијата кој ги оценуваше метите немаше гурка-алатка со која се потврдува прецизноста на погодокот, а која тие се должни да ја имаат, ниту пак имаше тричлена комисија која ќе ја потврди веродостојноста на погодокот. Ако вака останат резултатите, во јуниорска категорија би значело дека првите четири места им припаѓаат на охриѓанки, а во севкупниот пласман за жени Анастасија би била второпласирана, Мартина третопласирана, Јована петтопласирана и Јана шестопласирана. Сметаме дека пласманот нема многу да се промени, но резултатите на нашите стрелци ќе бидат повисоки доколку се направи контрола на метите, за што се сомневаме, имајќи ги во предвид сите нерегуларности кои во континуитет се провлекуваат на сите натпревари, а никој не превзема ништо за тоа да се промени. Во секој случај, од клубот сме презадоволни како напредува спортската форма на нашите најмлади, кои ротираат на првите позиции во јуниорска категорија, но и во севкупниот пласман на жени.“- информираат од СК „Охрид“.

Во оваа прилика, клубот им ги честита претстојните празници на сите граѓани и сите љубители на овај спорт.