29/03/2024
Охрид

Заврши петнаесеттата седница на Советот на општина Охрид

Советот на општина Охрид, на денешната седница ги усвои предложените одлуки за давање согласност за формирање групи во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, со помал односно поголем број деца од законски утврдениот број, за формирање паралелки со помалку од 24 ученици во основните училишта во општина Охрид, за формирање паралелки со помалку од 25 ученици во средните училишта ОСУ „Св.Климент Охридски“, СОСУ „Св.Кирил и Методиј“, ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ и ОУТУ „Ванчо Питошески“. Беа дадени мислења за програмите за изведување на училишните екскурзии и други слободни активности во учебната 2018/2019 година на ОУ „Христо Узунов“, ОУ „Григор Прличев“, ОУ „Св.Климент Охридски“, ОУ „Братство Единство“, ОУ „Кочо Рацин“, ОУ „Ванчо Николески“ с.Лескоец, ОУ „Живко Чинго“ – с.Велгошти и ОУ „Св.Наум Охридски“ – с.Пештани, а за ОУ „Григор Прличев“ беше донесена одлука за исплата на долгот по извршни решенија.

Беа прифатени и предложените одлуки за утврдување локации за поставување подземни и прес контејнери на подрачјето на општина Охрид, за усвојување на извештајот за состојбата во областа на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата за периодот од 01.01. до 30.06.2018 година и за давање согласност на одлуката за дополнување на Одлуката за утврдување на цени за користење на спортските објекти и паркинг-простори со кои стопанисува ЈП „Билјанини извори“.

Советниците ги усвоија извештаите за работа за периодот од 01.01. до 30.06. 2018 година на ЈП „Билјанини извори“, ЈП „Градски пазар“, ЈП „Градски гробишта“, ЈП „Охридски комуналец“, ЈП „Нискоградба“ и МЈП „Проаква“ – РЕ „Водовод“ Охрид.

Беа прифатени и предложените одлуки за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација, со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр. 80/2 КО Долно Лакочереј, на Кп.бр. 251 КО Косел, на Кп.бр. 557/1 КО Вапила, на Кп.бр. 612/17 и Кп.бр. 1341/1 КО Долно Лакочереј, на Кп.бр.776 КО Коњско, на Кп.бр.941/17 КО Оровник, на Кп.бр.955/2 КО Оровник, на Кп.бр.986/2 КО Оровник, на Кп.бр. 1151 КО Лескоец, на Кп.бр. 1192 КО Лескоец, на Кп.бр. 1331/1 КО Лескоец, на Кп.бр.1400/1 КО Трпејца, објект на Кп.бр. 1413/1,1413/2, 1413/6, 1413/7 и Кп.бр. 1413/8 КО Пештани, на Кп.бр. 1569 КО Пештани, на Кп.бр. 1590 КО Лескоец, на Кп.бр. 1767 КО Пештани, на Кп.бр. 1806 КО Лескоец, на Кп.бр. 1989 КО Долно Лакочереј, на Кп.бр. 2021 КО Горно Лакочереј, на Кп.бр. 2079, 2203 и Кп.бр. 2204 КО Лескоец, на Кп.бр. 2114 и 2115/1 КО Пештани, на Кп.бр. 2143 КО Лескоец, на Кп.бр. 2145 КО Долно Лакочереј, на Кп.бр. 2204 К О Долно Лакочереј, на Кп.бр. 2346/1 КО Долно Лакочереј, на Кп.бр. 2365 КО Лескоец, на Кп.бр. 2439/1 КО Лескоец, на Кп.бр. 2465/1 КО Лескоец, на Кп.бр. 2480 КО Лескоец, на Кп.бр.2489 КО Коњско, на Кп.бр. 2576/1 КО Долно Лакочереј, на Кп.бр.2873 КО Коњско, на Кп.бр. 3003/1 и Кп.бр. 3003/2 КО Коњско, на Кп.бр.3012 КО Коњско, на КП бр. 3603 КО Елшани, на Кп.бр.3012 КО Коњско, на Кп.бр. 15/1 КО Елшани, на Кп.бр. 1016 КО Велгошти, на Кп.бр. 1222/1 и Кп.бр. 1223/2 КО Велгошти, на Кп.бр. 1309/1 и Кп.бр. 1309/2 КО Велестово, на Кп.бр. 2143/2 КО Охрид 4, на Кп.бр. 5137/1 КО Охрид 4, и на Кп.бр. 13255 КО Охрид 3.