28/03/2024
Охрид

Заврши петтата седница на Советот на општина Охрид

Советот на општина Охрид на денешната седница, го донесе буџетот за 2018 година и развојните програми, како и годишните планови за работа на јавните претпријатија.

По усвојувањето на дневниот ред, седницата ја напушти советничката група предводенана од ВМРО-ДПМНЕ.

На седницата беа прифатени предложените одлуки за усвојување на развојните програми за 2018 година за поттикнување на развојот на туризмот, за поддршка на локалниот економски развој, за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид за 2018-2020 година, за работа во областа на располагањето со градежното земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Охрид , за финансиските потреби на територијалната противпожарна единица, за заштита на животната средина и природата, за одржување на јавна чистота, за одржување и користење на паркови и зеленило, за спорт и рекреација, за активностите на општина Охрид во областа на образованието за 2018-2020 година, за детска заштита за 2018 – 2020 година, за социјална заштита, за културни манифестации и творештво, за одбележување празници и манифестации,за унапредување на родовата рамноправност на локално ниво, за работа на Советот на општина Охрид, за енергетска ефикасност, за јавно осветлување, за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање режим на сообраќај за 2018-2020 година, за други комунални услуги за 2018-2020 година, за изградба на системи за водоснабдување за период од 2018-2020 година,за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за период 2018-2020 година, за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води за 2018-2020 година, за изградба на сообраќајна сигнализација за 2018-2020 година и за уредување на градежно земјиште за 2018-2020 година.

Беа прифатени и одлуките за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2018 година, за извршување на Буџетот на општината Охрид за 2018 година, како и одлуките за тековно работење на МЈП„Проаква“ Струга РЕ„Водовод“ Охрид, ЈП „Нискоградба“, ЈП „ Градски пазар“, ЈП „Охридски комуналец“, ЈП „Градски гробишта“ и ЈП „Билјанини извори“. Советниците дадоа согласност за утврдување на тарифи за вода на МЈП „Проаква“ Струга – РЕ „Водовод“ Охрид и на одведување на фекални и атмосферски води на ЈП „Нискоградба“, а беа прифатени и годишните планови за вработување во општина Охрид, ЈП„Охридски Комуналец“, ЈП „Градски пазар“, ЈП „Билјанини извори“ и ЈП „Градски гробишта“. Беа усвоени измените на програмата за режимот на сообраќај во делови на општина Охрид и одлуката за пренесување на правото на користење на ПМВ возило марка Цитроен сопственост на општина Охрид на ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид.