28/03/2024
Охрид

Заврши седумнаесеттата седница на Советот на општина Охрид

Советот на општина Охрид на денешната седница ја прифати информацијата за степенот на задоволство на граѓаните од услугите на локалната самоуправа, во општините вклучени во Проектот „Зајакнување на општинските совети“, како и предлог одлуките за усвојување на елаборатот за проценка на штети од поплави со силен ветар-луња и обилни врнежи од дожд и поплава од дејство на внатрешни води – во општина Охрид на ден 17.03.2018 година, за донесување на буџетскиот календар, за измените на Програма ЛО Спорт и рекреација за 2018 година и за измена на распоредот на средствата на буџетот на Општина Охрид за 2018 година.

Беа прифатени и предложените одлуки за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за финансиските потреби на територијалната противпожарна единица Охрид за периодот од 01.07. до 30.09.2018 година и извештаите за реализација на развојните програми за периодот 01.07 до 30.09.2018 година, за спорт и рекреација и работата на Советот на општина Охрид, а не беа прифатени извештаите за реализација на програните за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид 2018 – 2020 година, за реализација на Програмата за поддршка на локалниот економски развој, за реализација на Програмата за култура, Развојата програма за детска заштита, за реализација на Програмата за социјална заштита, за реализација на Развојната програма за активностите на Општина Охрид во областа на образованието, за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид, за заштита на животната средина и природата, за реализација на Програмата за одржување и користење на паркови и зеленило, за реализација на Развојната програма за други комунални услуги, за изградба и реконструкција на локални патишта и улици, за јавно осветлување, за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање режим на сообраќај, за изградба на системи за водоснабдување, за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води, за изградба на сообраќајна сигнализација, за уредување градежно земјиште и за остварување на буџетот на Општина Охрид,
Советниците ги прифатија одлуките за прифаќање донација на движен имот – специјално товарно возило – „Пајак“ , за пренесување на правото на користење на спортска веслачка опрема и веслачки реквизити, сопственост на Општина Охрид на Македонска веслачка федерација – Струга, за пренесување на правото на користење на медицинска опрема – сопственост на Општина Охрид на ЈЗУ Општа Болница – Охрид, за пренесување на правото на користење на училишна опрема – сопственост на Општина Охрид на ОУ „Климент Охридски“ – Охрид, за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 24 ученици во основните училишта во општина Охрид и за преземање на водоводот од МЗ Долно Лакочереј и отстапување на МЈП „Проаква“- Струга.

Од урбанистичката сфера не беа прифатени одлуките за измена и дополнување на Годишната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Охрид за 2018-2020 година и за утврдување нацрт- детален урбанистички план за УЗ 2, УБ 2.3-опфат 5, КО Охрид 3, Oпштина Oхрид , плански период 2013–2018 година. Советниците ги прифатија предложените одлуки за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација, со цел вклопување на бесправно изградените објекти на КП.бр. 80/1 и 1169/2 КО Долно Лакочереј, КП.бр. 80/1, 611/3 и 610/3 КО Долно Лакочереј- вон град, КП.бр. 101 КО Охрид 4, КП.бр. 160 КО Охрид 4, КП.бр. 192 КО Косел, КП.бр. 218 КО Охрид 4, КП.бр. 219 КО Охрид 4, Кп.бр. 220 КО Охрид 4, КП.бр. 229/1 КО Косел, КП.бр. 236 КО Охрид 4, КП.бр. 362/17 КО Лескоец, КП.бр. 723 КО Охрид 4, КП.бр. 751/1 КО Косел, КП.бр. 766/6 КО Косел, КП.бр. 805 КО Љубаништа, КП.бр. 869/1 КО Охрид 4, КП.бр. 941/12, 952/27 и 952/4 КО Оровник, КП.бр. 1168 КО Лескоец, КП.бр. 1174 КО Лескоец, КП.бр. 1179/11 КО Долно Лакочереј- вон град, КП.бр. 1333 КО Пештани, КП.бр. 1168 КО Лескоец, КП.бр. 1174 КО Лескоец, КП.бр. 1179/11 КО Долно Лакочереј- вон град, КП.бр. 1333 КО Пештани, КП.бр. 1477 КО Сирула, КП.бр. 1635/1 КО Пештани, КП.бр. 1664 КО Лескоец, КП.бр. 1677/1 КО Лескоец, КП.бр. 1774 КО Пештани, КП.бр. 1803 КО Лескоец, КП.бр. 1833/1 КО Лескоец и на КП.бр. 1970/1 КО Лескоец.