28/03/2024
Охрид

Заврши триесет и четвртата седница на Советот на општина Охрид

Советот на општина Охрид, на денешната седница ги усвои предложените одлуки за измени на програмите за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2019 година, за поддршка на локалниот економски развој, за заштита на животната средина и природата, за спорт и рекреација, за активностите на општина Охрид во областа на образованието, за детска заштита, за културни манифестации и творештво, за одржување на јавна чистота, за јавно осветлување, за измени на програмата за други комунални услуги, за изградба и реконструкција на локални патишта и улици, за изградба на  системи за водоснабдување, за изградба на сообраќајна сигнализација, за уредување на градежно земјиште, за изменување и дополнување на Буџетот на ЕЛС Охрид за  2019 година, за донесување на буџетскиот календар и одлуката за исплата на долгот на ОУ„Григор Прличев“ кон доверителот „Моби Петрол“ ДООЕЛ Охрид.

На седницата беа прифатени и предложените одлуки за за  разрешување членови во училишните одбори на  ОУ „Св.Климент Охридски“ , ОУ „Ванчо Николески“ с.Лескоец, ОМУ „Методи Патче“, ОУ „Живко Чинго“ с.Велгошти, ОУ „Христо Узунов“ , ОУ „ Григор Прличев“ , ОУ „ Братство – Единство“ , ОУ „Кoчо Рацин“  и ОУ „Св.Наум Охридски“ с. Пештани.

Советниците ги прифатија и предложените  иницијативи за експропријација на градежно земјиште- Кп.бр. 11916/1 и др. во КО Охрид 3 ,  Кп.бр. 5412 и др. во КО Охрид 4,  Кп.бр. 5238  и др. во КО Охрид 4, како и одлуката за обезбедување на надоместок за експропријација на недвижност.

Беа прифатени и одлуките за подигање  спомен-обележје за бродската несреќа од 05.09.2009 година, формирање одбор  за подигање спомен – обележје и за утврдување локација за градба на спомен- обележје за  бродската несреќа од 05.09.2009 година.

На денешната седница од дневниот ред беше повлечена точката за избор на командир на полициска станица од општа надлежност во Охрид, а беа усвоени новопредложените точки за финансиска поддршка на манифестациите „Гастромак“ и „Оhrid Outdoor Festival“.