20/04/2024
Охрид

Заврши триесет и третата седница на Советот на општина Охрид

Советот на општина Охрид на денешната седница ги прифати предложените одлуки за давање согласност на одлуката за поделба на МЈП „Проаква“ – Струга со раздвојување со основање и раздвојување со превземање (комбинирана поделба), за давање согласност  на одлуката за усвојување на планот за поделба на МЈП „Проаква“- Струга и склучување на спогодба за присоединување кон ЈП „Колекторски систем“ – Скопје преку комбинирана поделба-раздвојување со основање и раздвојување со превземање и за поделба на МЈП „Проаква“- Струга преку комбинирана поделба – со раздвојување со основање и раздвојување со превземање.