28/03/2024
Дебрца

Завршува чистењето на дивата депонија кај Царо Поле

„Завршуваме со чистење на најголемата депонија во општина Дебрца, просторот во м.в. „Царo Поле“, помеѓу патниот правец село Ново Село – село Белчишта и течението на реката Сатеска, кај село Ново Село. Простор на околу 8 хектари, со години деградиран со најразличен вид на отпад (комунален, инертен и градежен шут).

До сите граѓани апелирам да се воздржат од активности со кои ќе продолжи загадувањето на овој и сите други простори кои ќе бидат исчистени во наредниот период.

Ќе воведеме засилен инспекциски надзор и крајно против сите прекршители ќе преземеме со закон пропишани санкции.

Дебрца мора да остане чиста и незагадена, со заштитено природно наследство.“ – истакна градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески.