29/03/2024
Македонија

Жена повредена во сообраќајка на патот Кичево – Охрид

На 25.02.2018 година во 17:45 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, во близина на с.Подвис, дошло до судир помеѓу патничко возило „Шевролет авео“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Д. (61) од Скопје, патничко возило „Фиат панда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Р. (48) од Охрид и патничко возило „Опел мерива“ со битолски регистарски ознаки, управувано од П.В. (61) од Битола.

Притоа, со тешки телсни повреди се здобила сопатничката од возилото „Шевролет авео“-Л.Т. (66) од Скопје. Поради сериозноста на повредите, со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кичево.