18/04/2024
Македонија

„Жените и фотографијата 2018“ во Куманово

Во изложбениот салон на НУЦК „Трајко Прокопиев“ во Куманово на на 8-ми март во 19,30 часот ќе биде отворена изложбата на уметничката фотографија „Жените и фотографијата 2018“…

На изложбата која и оваа година традиционално, по петти пат, е во организација на фото-клубот од Куманово во соработка со Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ , ќе бидат презентирани 60 уметнички фотографии од женскaта фотографска фела во Република Македонија. Инаку, за учество на изложбата се пријавија над 30 фотографки и беа разгледани над 140 фотографии.

Изложбата „Жените и фотографијата“ е посветена на борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност.