18/04/2024
Македонија

Зимско издание на „Скопје синема сити“ во Кинотеката на Македонија

Филмови за „Крафтверк“, Лиса Жерар, Лу Рид и Дејвид Боуви ќе бидат прикажани на претстојното зимско издание на Филмскиот фестивал за музички документарни филмови „Скопје синема сити“ што ќе се одржува утре и задутре (2 и 3 февруари) во Кинотеката на Македонија…

Како што најавуваат организаторите, зимското издание е прв од четирите филмски настани планирани годинава во различни периоди (циклус наречен „Четири годишни времиња“) и на него ќе бидат репризирани дел од филмовите од третиот „Скопје синема сити“ одржан во 2017-та.

На програмата во петок се „Kraftwerk: Pop Art“ и „Lisa Gerrard: Sanctuary“, а во сабота „Remembering Lou Reed“ и „David Bowie at the BBC“.

Карти може да се купат на билетарницата во Кинотека.

Во рамките на фестивалот публиката ќе може да ги набави и музички книги, по промотивни цени: „Музика и муабети“ од Ненад Георгиевски (колекција на музички интервјуа), „Грамофонот како метаинструмент“ од Вангел Ноневски и „Допир од далечина“ од Дебора Кертис .