28/03/2024
Охрид

Жител од Долно Коњско предизвикал тепачка и го спречил дејствувањето на полицијата

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело ,,спречување службено лице во вршење службено дејствие”, СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Н.Т.(40) од охридското село Долно Коњско.

Пријавениот, казненото дело го сторил на десетти минатиот месец околу 21 часот и 30 минути во селото, откако предизвикал и учествувал во нарушување на јавниот ред и мир и тепачка со жител од селото. Откако на местото на настанот пристигнале полициски службеници, сега пријавениот започнал бурно да реагира, а потоа се втурнал кон нив спречувајќи ги да преземат неопходните законски службени дејствија.