29/03/2024
Македонија

Жител од Џепиште нелегално изградил викендица покрај брегот на Дебарското Езеро

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,узурпација на недвижности“ и ,,бесправно градење“, полициската станица од Дебар, поднесе кривична пријава против М.Б.(65) од дебарското село Џепиште. Пријавениот, извршил узурпација на две катастарски парцели, првата во месноста „Манастирец“, покрај брегот на Дебарското Езеро во сопственост на манастирот „Св Арахангел Гаврил“, а втората во сопственост на Јавното претпријатие за стопанисување со патишта. На узурпираните, вкупно 608 метри квадратни, тој изградил викендица.

Со извршувањето на казнените дела, пријавениот се стекнал со противправна имотна имотна корист од 934,800 денари, МПЦ-ОА ја оштетил за 848.700 денари, а Јавното претпријатие во износ од 86.100 денари.