25/04/2024
МакедонијаСтруга

Жител од гостиварско Врапчишта извршил тешки кражби во деловни субјекти во Охрид и Струга

Поради постоење основи на сомнение за сторени четири казнени дела „тешка кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Џ.И. (23) од гостиварското село Врапчишта.

Пријавениот, казнените дела ги сторил на 26-ти декември минатата година во деловни субјекти во Струга. Тој, со употреба на сила и подесен алат, ги отворал влезните врати и ги кинел поставените катинари по што, влегувал во службените простории, вршел пребарување и одземал пари и други предмети. Со извршувањето на четирите „тешки кражби“ во Струга, пријавениот Џ.И. се стекнал со противправна имотна корист од околу 17.000 денари.

Пријавениот Џ.И. е лице познат извршител на вакви казнени дела против кого и досега биле поднесувани соодветни кривични пријави. Тој, во периодот од 29 ноември до 04 декември минатата година, откако претходно побегнал од воспитно поправниот дом во Тетово, со употреба на сила, метална шипка и друг подесен алат, извршил шест „тешки кражби“ во службени простории на неколку деловни субјекти во Охрид, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 32.000 денари.