24/04/2024
Македонија

Жител од кичевско се самоповредил со маневарски куршум

Вчера во 19:35 часот во Полициска станица-Кичево, доктор од Медицински центар -Кичево пријавил дека донесено било повредено лице во пределот на левата рака (му бил откинат палецот и имал повреда на дланката). Од страна на полициски службеници од Полициска станица -Кичево утврдено е дека се работи за И.С.(21) од с.Другово-Кичево, кој се самоповредил во гаражата во сопствената куќа со маневарски куршум, кој бил заглавен во метална цевка (троблон). При обид да го извади куршумот, со штрафцигер удрил во чаурата, при што од издувните барутни гасови дошло до повредување. Поради сериозноста на повредите истиот со возило на Медицински центар – Кичево е пренесен во Ургентен центар – Скопје, заради понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител од Основно јавно обвинителство – Кичево и увидна екипа од Кичево.